Во интервју за телевизијата Русија 1, тој рече дека НАТО е дворот на Соединетите држави и дека САД се сопственик на таа воена организација.
Според него, изјавите на американскиот претседател Џозеф Бајден за можен руски напад врз земјите од НАТО се целосна глупост и бесмислица.
„Тоа е целосна глупост и сигурен сум дека претседателот Бајден го разбира тоа. Тоа е само маневар за да се оправда неговата погрешна политика кон Русија“, додаде Путин.
Рускиот лидер повтори дека Западот сака да ја уништи Русија по распадот на СССР и додаде дека на почетокот на 2000-тите имал „наивна идеја за тоа како Западот се однесува кон Русија“.
„И покрај тоа што работев речиси 20 години во безбедносните агенции и советската контраразузнавачка служба, сепак имав наивна претстава како целиот свет, а пред се каков став има Западот кон Русија. Сега со апсолутно уверување велам дека таканаречениот цивилизиран свет треба да разбере што се случи со Русија и дека веќе нема никаква идеолошка основа за конфронтација“, изјави Путин.
Според рускиот лидер, на западните земји не им била потребна земја толку голема како Русија и тие сметаа дека во согласност со предлогот на познатиот американски политичар Збигњев Бжежински, најдобро би било да се подели на пет дела кои би можеле да бидат подредени и отворени за Западот за слободно користење на сите расположливи ресурси.