сабота, 26 октомври 2024

Путин: Русија е спремна за мировни преговори

Рускиот претседател Владимир Путин кажа дека Москва е спремна за мировни преговори со Украина, во кое било време и на кое било место.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Како што пренесува турската агенција Анадолу, Путин, на прес-конференција во Виетнам, кажа дека очекува Западот да се спротивстави на неговата мировна иницијатива за Украина.

Тој кажа дека „здравите политичари“ ќе размислуваат за предлогот на Русија за Украина, доколку сакаат да го сопрат конфликтот.

Путин предупреди дека условите може да се сменат, во зависност од ситуацијата на бојното поле.

Како што истакна, ако Киев продолжи да го поврзува почетокот на мировните преговори со повлекување на руските сили од Украина, тогаш преговори никогаш нема да има.

Коментирајќи ја легитимноста на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Путин кажа дека Западот ќе го смени во првата половина од 2025 година.

Зборувајќи за коментарите на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг за ставање на нуклеарните сили на Алијансата во готовност, Путин кажа дека Русија внимателно ги следи таквите планови и дека соодветно ќе одговори на нив.

На прашањето дали Москва планира да вклучи превентивен нуклеарен напад во евентуална нова верзија на нуклеарната доктрина, Путин истакна дека „нема потреба“, објаснувајќи дека руските сили се способни да го одбијат нападот на противникот „во контранапад“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ