сабота, 26 октомври 2024

Путин: Пропаднаа сите обиди за пробивање на руската граница

Пропаднаа сите обиди на диверзантско-извидувачката група да ја пробие руската граница, кажа претседателот на Русија Владимир Путин, на годишниот состанокот на одборот на Федералната служба за безбедност.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

ФСБ не смее да заборави на предавниците кои, во рамки на диверзантските групи ја напаѓаа територијата на Русија, истакна Путин и ѝ предложи на руската безбедносна служба да ги најде и да ги казни.

„Непријателот планираше да изврши вистински терористички напад на пограничните региони на Руската Федерација“, кажа Путин.

Борбата со обидите на Западот да го спречи развојот на Русија бара систематска работа во сите насоки, оцени рускиот претседател.

„Западот активно користи радикални терористички групи кои се наоѓаат надвор од границите на Руската Федерација за напади против Русија, поттикнувајќи ја нивната агресија“, истакна рускиот лидер.

„Господарите не ги штедат тие предавници кои ги напаѓаат пограничните градови на Русија, туку ги фрлаат во оган. Но акциите кои се спроведуваат за заштита на државната граница на Руската Федерација се координирани и усогласени, и даваат резултати“, оцени Путин.

Сите обиди за предизвикување меѓуетнички судири и кршење на правата на Русите, како и обидите да се посее раздор, мора да бидат остро сузбиени, укажа рускиот претседател.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ