недела, 27 октомври 2024

Путин: Припадниците на Руската гарда во близина на борбената зона ги штитат државните граници

Припадниците на Руската гарда, кои служат во украинските региони припоени од Русија и блиску до борбените зони, се борат бестрашно, спроведуваат смели операции, уништуваат диверзанти и помагаат во заштитата на државните граници, изјави рускиот претседател Владимир Путин.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Путин, во обраќањето по повод Денот на Националната гарда, 27 март, рече дека Русија секогаш ќе се сеќава на своите паднати херои кои загинаа во праведна борба за Русија и иднината на рускиот народ, пренесе РИА Новости.

Путин го честиташе Денот на Националната гарда, заблагодарувајќи им се на припадниците на гардата за нивната храброст, лојалност кон татковината и нивниот придонес во заштитата на суверенитетот и безбедноста на Руската Федерација.

Путин истакна дека Руската гарда решава важни и одговорни задачи како што се борба против криминалот, тероризмот и екстремизмот, како и ефикасна контрола на полето на трговијата со оружје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ