сабота, 26 октомври 2024

Путин порача дека Русија е сигурна во својата иднина

Руската Централна изборна комисија ги објави денес конечните резултати од претседателските избори и ја официјализираше убедливата победа на Владимир Путин кој порача дека Русија е „сигурна во себе, во своите сили и во својата иднина“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Путин, кој е на власт 24 години, доби 87,28 отсто од гласовите, кажа претседателката на Изборната комисија Ела Памфилова на конференција за медиумите.

Одзивот бил 77,49 отсто на изборите одржани од 15 до 17 март.

„Ова се историски избори“, кажа Памфилова, верувајќи дека секој гласач кој гласал дал „свој придонес на јакнењето на Русија“.

Таа исто така ја пофали „многу чистата и многу одговорна“ изборна кампања, уверувајќи дека Централната изборна комисија примила само „вкупно 459 пријави за прекршоци“.

„Тоа не е ништо“, кажа Памфилова.

По објавувањето на официјалните резултати, Владимир Путин ѝ се обрати на нацијата, а снимката ја емитуваше државната телевизија.

„Изборите покажаа дека Русија денес е големо обединето семејство“, кажа рускиот претседател.

„Заедно одиме по историскиот пат кој го одбравме. Сигурни сме во себе, во своите сили и во својата иднина“, порача Путин.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ