сабота, 26 октомври 2024

Путин по терористичкиот напад: Крвав, варварски чин

Претседателот на Руската Федерација Владимир Путин се обрати на нацијата по терористичкиот напад во концертната сала Крокус сити хол, кој вчера се случи на периферијата на Москва и истакна дека станува збор за подготвено масовно убиство.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во сите региони на Русија се воведени посебни мерки за борба против тероризмот за да се спречат нови напади, кажа денес рускиот претседател по вчерашниот терористички напад во кој, според последните податоци, загинале 143 лица.

Путин порача дека сите четири напаѓачи кои пукале во луѓето се фатени. Кажа дека планирале да пребегнат во Украина, во која некој разработил план како да ја поминат границата.

„Казната ќе ги стигне сите. Тоа е напад на Русија, на нашиот народ“, истакна Путин и додаде дека Москва е спремна за соработка со сите земји кои се спремни со неа да соработуваат во борбата против меѓународниот тероризам.

Рускиот претседател им изрази сочувство на сите кои некого изгубиле во нападот и додаде дека станува збор за „крвав, варварски чин“, и е очигледно дека Русија се соочила со „подготвено масовно убиство“. „Токму така порано се однесувале и нацистите“, истакна Путин.

Рускиот лидер го прогласи 24 март за ден на жалост во целата земја.

„Никој и ништо не може да ги поколеба нашите единство и волја, нашата решителност и храброст, силата на обединетиот народ на Русија“, заклучи тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ