недела, 27 октомври 2024

Путин: Не нè интересира кој ќе биде претседател на САД

Рускиот претседател Владимир Путин кажа денес дека на Русија не ѝ е битно кој ќе биде следен американски претседател бидејќи тоа веројатно нема да смени ништо за Москва, но кажа дека американскиот судски систем јасно се користи за политичка битка против Доналд Трамп.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Пред уредниците на странските медиуми на економскиот форум во Санкт Петербург Путин ја обвини администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден дека прави грешка по грешка и со тоа го уништува американскиот политички систем и глобалното лидерство.

„Всушност, не нè интересира кој ќе победи“, кажа Путин кога новинар на Ројтерс го праша дали верува дека исходот на американските избори може нешто да значи за Москва. „Не сметаме дека резултатот за нас има големо значење. Ќе работиме со кој било претседател кој ќе го избере американскиот народ“.

Претходниот мандат на Трамп, кажа рускиот лидер, ги оштети американско-руските односи, и тешко е да се каже дали овој пат ќе биде нешто поинаку ако тој победи на изборите во ноември.

„Никогаш не сме имале никакви посебни односи со господинот Трамп, но останува фактот дека тој почна да ѝ наметнува тешки санкции на Русија, и дека се повлече од договорот за ракети со среден и краток дострел“, кажа Путин.

Рускиот претседател меѓутоа не исклучи промена на политиката ако, како што кажа, Вашингтон почне да ги гледа своите сопствени национални интереси. „Никој во САД не е заинтересиран за Украина, заинтересирани се за напредок на Соединетите Американски Држави кои не се борат за Украина и Украинците, туку за свое сопствено подобрување“.

Тој јасно кажа дека политичките соперници на Трамп го впрегнале американскиот судски систем за да им наштетат на неговите изборни шанси, што е стратегија за која смета дека не е ефикасна. „Ја уништуваат одвнатре својата држава, својот политички систем… Очигледен е низ светот кривичниот прогон на Трамп, особено оној заснован на обвиненија од пред многу години, без директен доказ, користење на судскиот систем во внатрешната политичка битка“, кажа Путин.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ