среда, 27 ноември 2024

Путин: Не можеме, како некои, да се откажеме од сопствениот суверенитет за неколку колбаси

Рускиот претседател Владимир Путин вети денеска дека ќе ја направи Русија „самодоволна“ и „суверена сила“ во обраќањето до владејачката партија, што беше неговиот прв предизборен говор за претседателските избори во март 2024 година.

Објавено на

часот

Сподели

„Русија ќе биде самодоволна и суверена сила или нема да биде“, им рече Путин на високите функционери на владејачката партија Единствена Русија на конгресот на кој се одобрува неговата кандидатура за уште еден мандат. „Русија не може, како некои земји, да се откаже од сопствениот суверенитет за неколку колбаси и да стане нечиј сателит“, рече тој, очигледно мислејќи на Украина.

Путин ги обвини западните земји дека се обидуваат да го „срушат економското и социјалното влијание на Русија“ и ги повика „патриотските сили“ да ги здружат силите во пресрет на „историските задачи“ што Москва мора да ги заврши.

„Со сиот руски народ, да го браниме суверенитетот, слободата, безбедноста на Русија, сè што ни е драго, нашата историја, нашата култура, нашите вредности и нашите традиции“, рече тој.

Русија е под серија санкции од западните земји поради агресијата врз соседна Украина која започна во февруари 2022 година, а Путин минатата недела најави дека повторно ќе се кандидира за претседател на изборите во март 2024 година, односно за својот петти мандат.

Дмитриј Медведев, претседателот на партијата Единствена Русија вети денеска дека партијата „ќе направи сè“ за да ја поддржи кандидатурата на Владимир Путин.

Русија „успеа да се спротивстави на колосалниот притисок“ на Западот, рече Медведев, и истакна дека „одговорот на противниците е силата и единството на руското општество“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ