среда, 27 ноември 2024

Путин на претседателските избори во март ќе учествува како независен кандидат

Рускиот претседател Владимир Путин ќе учествува на претседателските избори во 2024 година како независен кандидат, изјави Сергеј Миронов, лидерот на Праведна Русија.

Објавено на

часот

Сподели

На маргините на состанокот на иницијативната група за предлагање на Путин за шеф на државата, Миронов истакна дека Путин нема да биде кандидат ниту за Единствена Русија, ниту за Праведна Русија, туку дека ќе собира потписи, пренесе Риа Новости.

„Денеска на состанокот на организацискиот одбор ќе биде соопштено дека Путин не доаѓа како кандидат од ниту една партија, ниту од Единствена Русија, ниту од нашата. Тој ќе собира потписи“, изјави Миронов.

Тој изјави дека Праведна Русија ќе учествува во собирањето потписи заедно со Народниот фронт. Путин на 8 декември најави учество на претседателските избори следната година.

Путин на највисоката државна функција беше избран четири пати, во 2000, 2004, 2012 и 2018 година. По усвојувањето на амандманот на Уставот, тој доби право да се кандидира на изборите следната година.

Централната изборна комисија донесе одлука според која гласањето ќе трае три дена, од 15 до 17 март.

Сегашните овластувања на рускиот претседател истекуваат на 7 мај следната година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ