Државната новинска агенција Тасс ја цитираше денеска изјавата на Путин дека ќе се кандидира откако присуствуваше на церемонија во Кремљ.
На церемонијата, војниците кои се бореле во Украина ја добија највисоката воена почест на Русија, Златната ѕвезда на херојот на Русија.
Путин, кому Борис Елцин му ја предаде претседателската функција на последниот ден од 1999 година, веќе е претседател подолго од кој било друг руски владетел од времето на Јосиф Сталин, надминувајќи го дури и 18-годишниот мандат на Леонид Брежнев.
На 5 април, Путин потпиша закон со кој му се овозможува потенцијално да остане на власт до 2036 година.
Законот, кој неодамна беше усвоен од двата дома на парламентот, ги усогласува националните изборни закони со уставните измени што граѓаните ги изгласаа минатата година.
Една од уставните измени му овозможува на Путин да биде реизбран кога ќе му истече сегашниот мандат во 2024 година, како и во 2030 година, доколку тој сака.
Путин е обвинетиот од највисок профил по кој трага Меѓународниот кривичен суд во својата повеќе од две децении долга историја.