Путин го изјави ова еден ден откако американското Министерство за правда ги обвини претставниците на руските медиуми дека се обидуваат да влијаат на изборите во ноември, ширејќи проруска пропаганда.
BREAKING: PUTIN Says He Supports KAMALA HARRIS pic.twitter.com/ZD0XX2SwBr
— PoliticsVideoChannel (@politvidchannel) September 5, 2024
Лидерот на Кремљ на почетокот на оваа година со очигледна иронија, дури и пред претседателот Џо Бајден да се повлече од трката, рече дека го претпочита Бајден отколку Трамп затоа што тој е попредвидлив политичар од „старата школа“. На прашањето како сега гледа на изборите, Путин на економски форум на рускиот далечен исток рече дека тоа е избор на американскиот народ.
Но, потоа додаде дека Бајден им препорачал на своите поддржувачи да ја поддржат Харис. „Ние ќе го направиме истото, ќе ја поддржиме“, изјави Путин. „Таа се смее толку експресивно и заразно, што значи дека сè е во ред со неа“, рече Путин, додавајќи дека тоа може да значи дека ќе се воздржи од дополнителни санкции против Русија.
Американските разузнавачки агенции веруваат дека Русија сака Трамп да победи затоа што тој е помалку посветен на поддршката на Украина во војната против Русија. Но, Путин рече дека Трамп воведе повеќе санкции за Русија како претседател отколку кој било во Белата куќа пред него.