„Тоа ќе значи дека земјите на НАТО, САД и европските земји се во војна со Русија. Ако тоа се случи, тогаш, земајќи ја предвид променетата природа на конфликтот, ќе донесеме соодветни одлуки врз основа на заканите што ќе се создадат“, рече Путин, пренесува ТАСС.
Претходно, светските медиуми објавија дека американскиот претседател Џозеф Бајден е под голем притисок од републиканците и демократите да ги олесни ограничувањата за тоа како Украина може да го користи оружјето што САД им го дале во војната против Русија.