Глома, најдолгата река во Норвешка, е преградена од хидроелектраната Браскереидфос, која сега е под вода и не работи.
Властите првично размислуваа да разнесат дел од браната за да спречат потопување на населените места низводно. Но, идејата беше отфрлена бидејќи водата во меѓувреме ја проби браната, изјави за новинарите портпаролот на полицијата Фредрик Томсон.
Огромни количества вода се излеале над западните делови на браната, според Томсон.
„Водата постепено почна да истекува низ браната и засега не е соодветно да се преземат никакви мерки во електраната“, изјави Томсон за новинарите, додавајќи дека состојбата постојано се проценува.
Најмалку 1.000 лица живеат во населбите во близина на реката во областа, а властите соопштија дека сите биле евакуирани пред делумно да се пробие браната.
Според Александра Бех Џерв, претседател на управниот одбор на Хафслунд Еко, одводите во хидроцентралата не се отворале автоматски како што би требало кога има вишок вода во акумулацијата.
Не е јасно зошто тоа не се случило, додаде таа.