среда, 27 ноември 2024

Пукање пред израелската амбасада во Минхен, напаѓачот е убиен (ФОТО+ВИДЕО)

Утрово во центарот на Минхен, во близина на нацистичкиот центар за документација и Генералниот конзулат на Израел, дошло до пукање во кое едно лице е убиено.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Службите за итни случаи во Минхен веднаш дошле на местото на настанот по извештаите за истрели. Денеска непознат напаѓач испукал неколку куршуми пред израелскиот конзулат во Минхен, полицијата го застрелала „сомнителното лице“, тој дел од градот е блокиран, објави Билд.

„Во областа Каролиненплац, полициските сили пукаа кон сомнително лице и лицето беше погодено“, напиша полицијата на Икс.

Не е познат идентитетот на убиениот. Полицијата соопшти дека полицајците на терен забележале лице кое изгледало дека носи оружје. Дошло до пукање во кое едно лице е убиено. Нема повредени полицајци.

Во моментов нема информации за можни други осомничени. Полицијата ги повика граѓаните да ја избегнуваат областа. Сообраќајот е блокиран на местото на настанот.

Во воздух е и полициски хеликоптер.

На социјалните мрежи се појави видео на кое се слушаат бројни истрели, додека луѓето бегаат.

Германската полиција соопшти дека на социјалните мрежи веќе се шират дезинформации. Тие ги повикаа граѓаните да не учествуваат во ширење лажни информации и да не објавуваат снимки од настани.

Инцидентот се случи денеска, на годишнината од нападот на Олимпијадата во 1972 година, кога палестинските терористи зеле 11 израелски спортисти како заложници во Минхен – и ги убиле.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ