петок, 1 ноември 2024

Проверените авиони Боинг 737 МАКС 9 повторно летаат

Американската Федерална управа за авијација (ФАА) во понеделникот соопшти дека две американски авиокомпании прегледале и вратиле во промет речиси 94 отсто од авионите Боинг 737 МАКС 9 по итниот случај во воздух минатиот месец.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Откако панел на кабината на авионот на Алјаска ерлајнс падна во лет на 5 јануари, ФАА ги прекина летовите, за на 24 јануари да ја укине забраната за летови на авионите Макс 9.

Инспекцијата што ја бара ФАА вклучува детална проверка на специфични завртки, водилки и сврзувачки елементи и детални визуелни прегледи на панелите и десетици поврзани компоненти. Националниот одбор за безбедност на транспортот истражува дали недостасуваат завртки на авионот каде што падна панел од кабината.

Приземјувањето на таа авиокомпанија резултираше со откажување на илјадници летови во јануари.

Во фабриката на Боинг Рентон 737, ФАА „врши инспекција од носот до опашката, од врвот на едното до другото крило“, рече заменик-помошникот управител на ФАА за воздухопловна безбедност Џоди Бејкер.

Минатиот месец ФАА му забрани на Боинг да го прошири производството на својот најпродаван авион 737 Макс, по „неприфатливите“ проблеми со квалитетот.

Извршниот директор на Боинг Дејв Калхун минатата недела изјави дека Боинг „го произведува 737 по стапка од 38 месечно“, додавајќи дека ќе остане „со таа стапка додека ФАА и Боинг не бидат задоволни со нашиот квалитет на производствениот процес“.

ФАА не процени колку долго ќе трае ограничувањето.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ