петок, 18 октомври 2024

Противпожарната бригада има доволно резерви на гориво за непречено функционирање, велат од Град Скопје

Објавено на

часот

Сподели

„За точно информирање на јавноста, сакаме да истакнеме дека актуелниот договор за гориво, сеуште не е исцрпен, односно има важност до 05.06.2022 година. Градот Скопје навреме ја почна процедурата за нов договор кој е потпишан, со што се обезбедува континуирано и редовно снабдување со гориво на градските служби и Противпожарната бригада.

Дополнително, сакаме да истакнеме дека Градот Скопје и Противпожарната бригада имаат предвидено и резерви за непречено функционирање, со што во ниту еден момент не е доведено во прашање нивното ефикасно функционирање.

Апелираме да не се манипулира со јавноста особено кога е во прашање работата на Противпожарната бригада, чие непречено функционирање е од огромно значење по сигурноста и безбедноста на скопјани“, велат од Град Скопје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ