недела, 24 ноември 2024

Протест на Србите во Грачаница поради вчерашното апсење на Миленковиќ

Објавено на

часот

Сподели

Неколку стотици Срби се собраа денеска пред полициската станица во Грачаница на протест поради вчерашното апсење на Драгиша Миленковиќ.

Како што јави дописникот на Гласот на Америка од местото на настанот, собирот се одвивал мирно, а магистралниот пат Приштина-Гњилане кој минува низ центарот на Грачаница не е прооден, додека полицијата ги пренасочува возилата на алтернативни правци.

На собирот се обратија директорот на Центарот за култура Грачаница Живојин Ракочевиќ и докторката Наташа Прентиќ. По обраќањето на спикерот, планирана е протестна прошетка.

Протестот заврши во 13 часот, а нов е закажан за утре напладне.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ