среда, 27 ноември 2024

Пронајдено е телото на поранешен украински пратеник и критичар на режимот Зеленски

Според првичните информации, непознато лице со употреба на засега неидентификувано оружје го усмртило Кива во селото Супонево. Од здобиените повреди Кива починал на местото на настанот.

Објавено на

часот

Сподели

Главната управа за разузнавање на Украина ја презеде одговорноста за смртта на поранешниот проруски пратеник Илја Кива, изјави портпаролот на украинската воена разузнавачка служба, Андриј Јусов.

Кива беше убиен како дел од „специјална операција на Службата за безбедност на Украина“, изјави Јусов за украинската телевизија.

Претставник на руската служба за итни случаи изјави дека телото на Кива е пронајдено денеска во селото Супонево во Московскиот регион.

Руската истражна комисија отвори кривична истрага за убиството на Кива.

Според првичните информации, непознато лице со употреба на засега неидентификувано оружје го усмртило Кива во селото Супонево. Од здобиените повреди Кива починал на местото на настанот.

Телото на Кива било пронајдено во кругот на хотелот „Велич кантри клуб“, недалеку од куќата во која престојувал.

Тој наводно бил пронајден со лицето надолу во локва крв во снегот, објавија руските медиуми. Агенцијата Тасс, повикувајќи се на извори, јави дека Кива имал голема повреда на главата.

Кива е поранешен украински пратеник, кој беше исфрлен од парламентот и пребегна во Русија неколку недели откако Москва ја започна својата инвазија минатата година. Неговото убиство се случи 18 месеци откако тој го повика Путин да употреби оружје за масовно уништување.

Градскиот суд во Лавов оваа година го осуди Кива во отсуство на 14 години затвор за предавство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ