петок, 18 октомври 2024
Струшки вечери на поезијата

Промовирани книги од Адам Хоровиц и Алекси Берно

Објавено на

часот

Сподели

„Поезијата е високо индивидуализиран израз на човековиот дух кој ја велича разноликоста и оригиналноста; создава мост помеѓу поединците и заедниците. Европската идеја која се темели на почитувањето на индивидуалноста и истовремено се стреми кон квалитетен соживот на сите поединци, треба да ја препознае во поезијата метафората и збирот на сите нејзините напори.  Одлични млади поети пишуваат песни на секој јазик, но честопати се непознати надвор од границите на јазикот во кој го пишуваат. Целта на Версополис е да го смени ова, создавајќи уникатна платформа ширум Европа која им дава можност на новите европски поети да станат меѓународни поетски ѕвезди“, истакна модераторката Александра Јуруковска.

Адам Хоровиц е британски поет, изведувач и уредник. Тој има објавено три збирки поезија: Вртење (Хедланд, 2011), Почвата никогаш не спие (Палвел, 2018) и Љубов и други бајки“ (Индиго Дримс, 2021): мемоар, Илјада Лори Лии (Хистори Прес, 2014), како и диск со поезија и музика со наслов Мал Метрополис (2015). Тој, исто така, бил копрезентер на Илјада мрморења, поткаст што ја слави поезијата и музиката на Џон Клер, а се појавува и на албумот за поезија и музика од Серис Мејтус со наслов Доаѓаме од сонцето (Дека, 2021)

Алекси Берно е роден во 1977 година во Париз. Тој е поет, преведувач, музичар и уредник. Берно ја предводи колекцијата со збирки раскази „Минијатури“ кај издавачите Magellan & Cie. Неговата поезија е објавена во Франција и во странство, автор е на збирките Во забранетото утро“ (2012) и Огледало во срцето на огнот“ (2020). Ги има преведено американските поети Џек Хиршман, Сем Хамил, Ијан Бојден и Марго Бердешевски, канадскиот поет Роберт Брингхарст и тринидадскиот романсиер Ерл Лавлејс.

„Струшките вечери на поезијата“ како еден од најстарите и најголеми фестивали во ова европско семејство силно ја поддржува таа идеја и секоја година традиционално организира настани на кои ги претставува поетите и изданијата од „Версополис“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ