петок, 18 октомври 2024

Промовирана четиријазичната стихозбирка „Македонски погледи“ 

Објавено на

часот

Сподели

За книгата говореше проф. д-р Владимир Мартиновски, стиховите на  македонски ги читаше актерката Христина Цветаноска, којашто воедно е и преведувач од италијански на македонски, а разговорот со неа, со авторите, и со  преведувачките Јасмина Никуљска Велковска (од шпански на македонски) и Климентина Ѓорѓиоска (од англиски и шпански на македонски) го водеше Јулијана  Величковска, главен и одговорен уредник во „ПНВ Публикации“.  „Македонски погледи“ претставува поетско патување на двајца дипломати и пријатели. Тоа е книга – дијалог на погледи, јазици и емоции доживеани во нашата прекрасна земја. Станува збор за четиријазично издание, имено, триесетина песни од обата автора се запишани на нивниот мајчин јазик, потем преведени на јазикот на другиот, како и на англиски и на македонски јазик, а покрај песните, во книгата се поместени неколку фотографии од фотографката Маја Краљевска. Македонскиот дипломат Пајо Авировиќ во предговорот кон книгата ќе рече:„И дипломатот и поетот ги притиска нешто во градите. А ако се тоа гради на една иста личност, тогаш веројатно притиска потешко.“ Ернесто Ередеро дел Кампо (Ваљадолид, 1977) е оженет и има три деца. Католик и неуморен духовен трагач, дипломат по професија, филозоф по образование и уметник по вокација. Како филозоф, неговите главни теми на проучување биле скептицизмот и делата на Емил Чоран и на Лудвиг Витгенштајн. Како дипломат, тој ѝ служел на Шпанија во голем број земји. Последната, Македонија. Неговите проекти во оваа земја се опиплив доказ за неговата љубов кон македонскиот народ и култура, со чија духовност и начин на гледање на светот е длабоко поврзан. Соработува како предавач со Филозофското друштво на Македонија, а ова е негова втора стихозбирка објавена на македонски јазик. 

Марио Де Роза (1991) е италијански писател и поет од полуостровот Соренто. Тој е дипломат и моментално заменик-шеф на мисијата на Италијанската амбасада во Македонија, докторирал административно право и соработува со неколку универзитети. Покрај дела од правната област, има објавено и четири стихозбирки со наслов „И, конечно врне…“ (Бастоги, 2008), „Линии и граници“ (Монтедит, 2010), „Херои без ровови“ (Тигулиана, 2017), „Светулки и комарци“ (2020, последната заедно со уметникот и поет Алдо Терминиело), добивајќи награди на национални и меѓународни литературни конкурси. Неговите стихови се движат од класична метричка поезија до слободен стих, опфаќајќи мноштво теми коишто го наведуваат да ги истражува големите прашања на човековото постоење, како што се причините за љубовта и животот, врските и пријателството меѓу луѓето и со Бога, како и општествената динамика на нашето време. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ