петок, 18 октомври 2024

Промоција на „Приказна за духовите“, роман награден од Европската Унија

Објавено на

часот

Сподели

Лаура Фројденталер е родена во 1984 година во Салцбург. Студирала германски јазик и литература, филозофија и родови студии. Живее во Виена. Нејзините раскази „Черепот на Медлин“ се објавени во 2014 година. За романот „Кралицата молчи“ ја добива книжевната награда на градот Бремен во 2018 година, а романот добива препорака за најдобро прозно дебитантско остварување од Германија на фестивалот за дебитантски романи во Шамбери во 2018 година. Следната година, Фројденталер го објавува својот втор роман, „Приказна за духовите“, за кој ја добива Европската награда за литература истата година.

Што ако во вашиот живот одненадеж се отвори празнина? Ова е прашањето што Лаура Фројденталер го поставува во нејзиниот втор роман „Приказна за духовите“. Главниот лик Ан, средовечна професорка по клавир, одлучува да земе слободна година и да се посвети на свирењето и подготвувањето учебник за нејзината настава. Таа е мажена за Томас, со кого е во брак дваесет години. Токму кога се чини дека непречено ќе може да им се посвети на нештата што ги сака, Ан ја опседнуваат немири. Томас сè почесто е отсутен од домот, веќе извесно време престојуваат во различни соби и сè поретко разговараат. Постепено, слободното време се претвора во тесен затвор за Ан, во кој почнуваат да се вселуваат звуци и привиденија што целосно ја обземаат и ја измачуваат.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ