петок, 18 октомври 2024

Промоција на избраните дела во пет томови од Блаже Миневски

Објавено на

часот

Сподели

Во првиот том со наслов „Да речиме уште една“ се објавени расказите, а во останатите четири томови романите „Нишан“, „Свирци“, „Мемоарите на една млечка“, „Требаше да се слика пред да се замразиме“, „Мрежата на Мамли“ и „Фантомско стапало“. Книгите се проследени со толкувања од Митко Маџунков, Венко Андоновски, Марија Проскурнина, Оливера Ќорвезироска, Ефтим Клетников, Стефан Влахов-Мицов, Марија Ѓорѓиева-Димова, Душан Стојковиќ, Јордан Плевнеш и други.

Блаже Миневски е автор на девет романи, седум драми и три книги раскази.

Романите на Миневски се преведени на англиски, руски, ерменски, бугарски, словенечки, арапски, кинески, српски, полски и италијански јазик, а со свои раскази е застапен во речиси сите антологии на кратката проза објавени последните триесетина година во Македонија и надвор од неа. Дел од нив се преведени на повеќе од 20 јазици во светот.

м

Миневски е добитник е на повеќе награди, меѓу кои и на наградите „Роман на годината“, „Стале Попов“ и „Рациново признание“.

Избраните дела на Миневски ќе ги промовираат Трајче Кацаров и Марина Мијаковска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ