Како што информираат од Детски културен центар – Карпош, децата ќе имаат можност да слушнат за културата на однесување во Зоолошката градина, за начинот на исхрана на животните и за нивните живеалишта.
„Веруваме дека сите заедно низ песна, ќе придонесеме да ја подигнеме свеста кај сите посетители на Зоолошката градина. Со автентичното презентирање на новите песни во Зоолошката градина, искрено се надеваме дека повторно ќе предизвикавме радост кај најмладата публика“, велат организаторите.
Главен покровител на музичко – едукативниот проект е Град Скопје.