петок, 11 октомври 2024

КФМ најави казни за инцидентот на мечот меѓу ТФТ и Чаир

Кошаркарската федерација на Македонија реагираше по повод инцидентот кој се случи во „СРЦ Кале“ на пријателскиот меч меѓу ТФТ и Чаир.

Објавено на

часот

Сподели

Навивачи на Чаир го претепаа кошаркарот на ТФТ, Едис Нури. КФМ најави дека ќе преземе соодветни мерки и ќе ги казни виновниците за инцидентот.

„Македонската кошаркарска федерација ќе ги преземе сите мерки, и ќе изрече соодветни казни за актерите во инцидентот кој се случи вечерва на пријателскиот натпревар помеѓу екипите на ТФТ и Чаир 2030, во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје, кој беше прекинат од страна на официјалните лица.

За таа цел, согласно со првичните информации, комесарот за натпреварување, Александар Милојевиќ, од актерите, односно од претставниците на двата клуба, побара во текот на утрешниот ден да му достават изјави за инцидентот, односно причините за прекинатиот натпревар.

Освен тоа свое видување во писмена форма ќе дадат и официјалните лица (судиите и делегатот на натпреварот), по што ќе бидат донесени соодветни одлуки.

По втор пат за кратко време, во подготвителниот период, пред почетокот на новата натпреварувачка сезона, екипата на Чаир 2030 е учесник на натпревар во кој се случуваат работи кои немаат ништо заедничко со кошаркарската игра“, стои во соопштението на КФМ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ