Бугарските власти соопштија дека Министерството за внатрешни работи и службите за државна безбедност отвориле истрага за можни врски на една неименувана компанија со нападот.
Локалните медиуми наведуваат дека компанијата Норта глобал лимитед од Софија ја овозможила продажбата на пејџерите на Хезболах, пренесува Ројтерс.
Нова серија експлозии се случи вчера попладне во Либан, ден откако загинаа 12 лица, а повеќе од 2.700 беа ранети кога пејџерите кои ги користеле припадници на Хезболах експлодирале во координиран напад за кој Либан го обвинува Израел.
Во вчерашниот втор ден од нападот во Бејрут и други делови на Либан експлодирале воки-токи и соларна опрема, како и други електронски апарати.
Во вчерашните експлозии загинале најмалку 20 луѓе, а повеќе од 450 се ранети, соопшти либанското министерство за здравство.