петок, 18 октомври 2024

Прогласени победниците на Анимакс

Португалскиот краток филм „Ана Морфоза“ на авторот Жоао Родригес е годинешниот добитник за „Златната Тула“ на 14-то издание на Меѓународниот фестивал за анимиран филм „Анимакс Скопје Фест“.

Објавено на

часот

Сподели

Хрватската авторка Леа Видаковиќ ја добила втората награда за својот анимиран филм „Семеен портрет“, додека добитник на „Бронзената Тулa“ е чешкиот филм „Светла“ на авторката Јитка Немикинсова.

л

Специјална награда им била доделена на филмовите „Војници“ од Македонија на авторката Розе Симоновска и „27“ од Унгарија на Флора Ана Буда.

л

За наградените најдобри анимирани филмови одлучуваше жири-комисија во состав на Саша Станишиќ, Ева Камчевска и Илиана Петрушевска.

„Анимакс Скопје фест“ е во организација на продукциската куќа „Аурипигмент“ од Скопје, во соработка со Кинотека на Северна Македонија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ