сабота, 26 октомври 2024

Професионален војник шверцувал телефони во затворот Идризово

Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје поведе постапка против 23-годишник осомничен за кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информира ОЈО, осомничениот, на 1 февруари во затворот Идризово – Скопје, како службено лице – професионален војник во Армијата на Република Македонија, поради прогласена кризна состојба на подрачје на затворот, бил ангажиран како надворешно – статично обезбедување од стражарна кула на оградниот ѕид на затворскиот објект.

„Притоа, тој презел дејствие со кое ги пречекорил границите на своите службени овластувања со намера за двајца осуденици кои издржувале казна затвор во затвореното одделение и на кои согласно куќниот ред во затворот им се забранети мобилни телефони, да им прибави и да им овозможи користење на мобилни телефони и комуникација без надзор на затворска полиција“, информираше ОЈО Скопје.

Откако претходно скрил десет мобилни телефони во тактичкиот елек од униформата која ја носел, војникот го напуштил стражарното место и знаејќи дека осудениците биле пуштени на дневна прошетка и го чекаат, застанал до ѕидот од кабината и последователно преку две заштитни огради им ги фрлал мобилните телефони, со цел да им овозможи комуникација без надзор.

„Бидејќи постојат околности што очигледно укажуваат на опасност од бегство, како и особени околности кои го оправдуваат стравувањето дека осомничениот ќе го повтори кривичното дело, јавниот обвинител достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот“, наведуваат од ОЈО Скопје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ