вторник, 22 октомври 2024

Проф. д-р Јовев, д-р Митрев и тимот што изврши трансплантација на срце добија благодарница од Лекарска комора

Објавено на

часот

Сподели

Во соопштението се потсетува дека тимот што ја изврши трансплантацијата на срце беше предводен од проф. д-р Сашко Јовев и д-р Жан Митрев, а заедно со д-р Никола Христов, д-р Тања Анѓушева, д-р Васил Папестиев, д-р Марјан Шокаровски, д-р Ванѓел Здравески, д-р Кјутим Џелили, д Стефанија Хаџиевска, д-р Надица Мехмедовиќ, д-р Весна Миташова, д-р Јасмина Илиевска, д-р Марија Гераковска и д-р Димче Славевски.

 „Успешната трансплантација на срце од починат донор е историски оперативен зафат кој што даде нова шанса за живот за 54 годишен пациент. Изведена е во 2021 година, во екот на пандемијата и во многу тешки услови.  

Современите оперативни зафати во кардиохирургијата започнуваат од пред 20 години кога од д-р Жан Митрев беше направена и првата автотрансплантација како револуционерен оперативен зафат во медицинскиот третман на кардиолошките пациенти, а понатаму д-р Митрев продолжи и со вградување на вештачки срца што почна да се применува дури во 2020 година, а е исто така е живото-спасувачки метод“, се вели во соопштението од Лекарската комора. 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ