понеделник, 22 јули 2024

Продолжува падот на турската лира по реизборот на Ердоган

Објавено на

часот

Сподели

Турската лира ослабе во однос на американскиот долар за околу осум отсто од именувањето на новата влада на Ердоган, а околу 20 отсто од почетокот на годината. Тоа предизвика стравувања од уште повисоки цени за граѓаните кои веќе се борат да си дозволат основни нешта како станување и храна среде високата инфлација.

Државата се бори со монетарната криза и високата инфлација од 2021, за кои западните економисти тврдат дека се резултат на убедувањето на Ердоган дека зголемувањето на каматните стапки ќе ја зголеми инфлацијата.

Вообичаеното економско размислување и воедно и пристапот кој го користат централните банки низ светот го бара спротивното: зголемување на каматните стапки за да се контролира скокањето на цените.

Економистите тврдат дека владата агресивно интервенирала на пазарите за да ја крене лирата пред изборите, исцрпувајќи ги на тој начин турските девизни резерви за да се одржи курсот под контрола.

Неколку часа откако ја положи заклетвата, Ердоган најави дека Мехмет Шимшек, поранешен банкар на Мерил Линч кој претходно беше негов министер за финансии и заменик премиер, ќе се врати во владата по петгодишна пауза од политиката.

Шимшек кажа дека Турција нема друга опција освен да се врати на „рационално тло“. Како можен знак дека Ердогановата влада би можела да води поконвенционална економска политика, Шимшек кажа и дека нема „кратенки и брзи решенија“, ветувајќи дека ќе ги надгледува турските финансии „транспарентно, доследно, одговорно и предвидливо“.

Економистите, меѓутоа, велат дека не е јасно до која мера Ердоган ќе му даде на Шимшек слобода во дејствувањето.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ