понеделник, 21 октомври 2024

Приведено лице кое предизвикал пожар во Велешко

Како дел од оперативната акција „Пожар 2024“, денеска по добиена пријава на телефонскиот број 112 дека непознати лица ја палат депонијата која се наоѓа на патот меѓу селата Горно Оризари – Клуковец, веднаш се преземени мерки и активности од страна на полициски службеници од Велес. На лице место бил затекнат С.Ц. од Горно Оризари како пали две седишта од автомобил, а во непосредна близина е предизвикан пожар при што е опожарена сува трева.

Објавено на

часот

Сподели

Од страна на полициските службеници С.Ц. е лишен од слобода, а предизвиканиот пожар е изгасен.

По насоки на јавен обвинител од ОЈО Велес, лицето е задржано во полициска станица за понатамошна постапка и по документирање на случајот, од страна на СВР Велес ќе биде поднесена кривична пријава за кривично дело „предизвикување општа опасност” по чл.288 од КЗ.

Министерството за внатрешни работи продолжува со активностите под оперативната акција „Пожар 2024“ и апелира до граѓаните да бидат исклучително внимателни кога се движат во природа. Секоја активност во насока на намерно или ненамерно предизвикување на пожари ќе биде санкционирана најстрого во рамките на законските норми. Ако граѓаните забележат било какво сомнително движење или активности, веднаш да пријават во најблиската полициска станица или на телефонот 112, соопшти МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ