петок, 18 октомври 2024

Приведени две лица кои со закани со остар предмет сакале да ограбат група деца

Полицијата синоќа во 20 часот на подрачјето на Центар ги лишиле од слобода С.Џ.(24) и малолетник, двајцата од Скопје. Тие се сомничат дека околу 17 часот во трговски центар во Скопје со закана со остар и со тврд предмет се обиделе од петмина малолетници да одземат пари.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информира МВР, со лицата бил извршен службен разговор во полициска станица.

„По целосно документирање на случајот Единицата за внатрешни работи Центар и Бит Пазар при СВР Скопје ќе поднесе кривична пријава за сторено кривично дело разбојништво во обид по чл. 237 в.в. со чл.19 од Кривичниот законик“, се наведува во соопштението.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ