недела, 27 октомври 2024

Приведени четворица малолетници, барале пари од врсничка

Тетовската полиција информираше дека вчера се приведени четворица малолетници од тетовско село кои барале пари од нивна врсничка уценувајќи ја вдека на интернет ќе објават нејзини фотографии. Случајот воМВР го пријавила самата малолетничка.

Објавено на

часот

Сподели

„На 16.12.2023 во периодот од 17.00 до 17.20 часот, полициски службеници од СВР Тетово лишиле од слобода четири малолетници од тетовско село, постапувајќи по претходна пријава дека од малолетничка од истото село во повеќе наврати одзеле пари, уценувајќи ја дека на социјална мрежа ќе објават нејзини фотографии со експлицитна содржина“, соопшти Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Портпаролот информира и дека по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ