сабота, 26 октомври 2024

Приведен насилникот од Пробиштип кој со секира влегол во училиште

Вчера полицајци од Скопје и Штип во содејство со САЕ Тигар, по претходно издадени судски наредби, извршја претреси на пет локации во Пробиштип и една локација во Штип, при што од слобода е лишен Љ.Н. (43) од Пробиштип.

Објавено на

часот

Сподели

Љ.Н. на 21 декември 2023 со секира влегол во училишниот двор на средното општинско училиште „Наум Наумовски Борче“ во Пробиштип и им се заканувал на вработените, со спреј пишувал пораки со заканувачка содржина по надворешните ѕидови од училиштето, по што уништувал предмети и инсталации во ходниците на училиштето и се обидел да ја скрши вратата од канцеларијата на директорката на училиштето. Потоа Љ.Н. влегол во зградата на Центарот за социјални работи во Пробиштип каде упатувал закани по животот на вработените.
Против Љ.Н. е поднесена кривична пријава до надлежното обвинителство, а се преземаат и дополнителни мерки во врска со овој случај.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ