среда, 11 декември 2024

Приведен маж кој се соблекувал пред девојка

Објавено на

часот

Сподели

Жител на кавадаречко село вчера попладне бил лишен од слобода од страна на полицијата, бидејќи бил пријавен од девојка дека недолично се однесувал и соблекувал пред неа, информираа денеска од СВР Велес.

„Во 16 часот во кавадаречко село, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода А.З.(38) од селото, по претходна пријава од 22-годишна девојка. За настанот е известен јавен обвинител и по негово документирање, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава“, појаснија од СВР Велес.

Како што соопштија од полицијата, нешто подоцна, во 18.30 часот, во ОВР Кавадарци, 45 – годишен кавадарчанец пријавил дека во казино во градот бил физички нападнат од кавадарчанецот  В.Т., кој, исто така се обидел со тврд предмет да ги нападне и вработените. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ