петок, 18 октомври 2024

Приведени двајца дрвокрадци во Куманово

Синоќа во кумановската населба Ајдучка чешма полициски службеници ги приведоа А.Ѓ. од Куманово и С.Н. од Крива Паланка. При преглед на товарно возило „там“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал А.Ѓ., а сопатник бил С.Н., било утврдено дека превезувале шест кубни метри нежигосано огревно дрво без документација.

Објавено на

часот

Сподели

Возилото и дрвата биле одземени, а лицата биле приведени во полициска станица. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ