петок, 18 октомври 2024

Притвор за битолчанец осомничен за разбојништва

Објавено на

часот

Сподели

На 11 април 2022 околу 08.00 часот, пријавениот со цел да се стекне со противправна имотна корист, во аптека на ул.„Солунска“ во Битола, со закана со пиштол кон вработената, од магацинскиот простор одзел пари.

На 16 мај 2022 во 08.40 часот, пријавениот во обложувалница во комплекс Безистен во Битола, со закана со нож од вработената одзел пари.

На 18 април 2023 во 06.55 часот, Н.Д. од аптека на ул.„Димитар Илиевски Мурато“, со закана со  нож кон вработената, од магацински простор на аптеката, одзел пликови со сметки.

Н.Д. е приведен и против него до ОЈО Битола е поднесена пријава, поради сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“, предвидено и казниво по чл.237 ст.1 од Кривичниот законик, а од страна на судија на претходна постапка на лицето му е определена мерка притвор од 30 дена.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ