сабота, 26 октомври 2024

Приштина: Заедницата на српски општини е мртва

Косовската министерка за надворешни работи и дијаспора Доника Гервала изјави во интервју за КТВ дека не верува во дијалогот со кој посредува специјалниот претставник на Европската Унија Мирослав Лајчак.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Таа кажа дека одлуката на уставниот суд за враќање на земјиштето на манастирот Високи Дечани е погрешна, како и дека во Брисел не се расправало за динарот.

„Не, не верувам во дијалогот во кој посредува Лајчак. Имам причини да не верувам во овој дијалог, бидејќи Лајчак даде доволно аргументи за да покаже дека е многу едностран во овој процес“, кажа Гервала.

Меѓутоа, според неа, Лајчак е само функционер на ЕУ, кој, како што истакна, „добива плата на одредено време за да се вклучи во овој процес“.

„Лајчак ќе замине и ќе дојде друг, така што мораме да бираме на кого ќе му веруваме во таквите процеси. Им веруваме на Соединетите Американски држави, ѝ веруваме на Германија, му веруваме на Обединетото Кралство“, кажа таа.

„Курсот по кој оди дијалогот кој го води Лајчак, а ние тоа го истакнуваме од 2021 година, ја искористив секоја прилика што ја имав со колегите и другите претставници на меѓународната надворешна политика да покажам дека имаме многу загрижености во врска со тој процес“, истакна таа и додаде дека „функционерите доаѓаат и заминуваат, главното партнерство на Косово е со САД, со ЕУ и со Обединетото Кралство“.

Таа во контекст на дијалогот кажа дека Заедницата на српски општини „умрела“ во 2013 и 2015 година.

„Јас многу јасно во одреден контекст кажав дека ЗСО од 2013 и 2015 година е мртва. Тоа повеќе никој не го оживува бидејќи ЗСО од 2013 и 2015, како што утврди уставниот суд, го крши уставот во нашата земја и има многу елементи кои би формирале втора Република Српска. Повеќе никој не разговара за ЗСО“, кажа Гервала.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ