недела, 27 октомври 2024

Примал пари за да ги праќа и си присвоил 2,3 милиони денари

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Н.Н. (35) од срло Кондово, општина Сарај, поради сомневање за сторени кривични дела „затајување” по член 239 став 1 во врска со став 5 и „фалсификување или уништување деловни книги” по член 280 став 1 и став 2 од Кривичниот законик.

Објавено на

часот

Сподели

Н.Н. како вработен во правно лице кое давало услуги на други правни лица за обезбедување, транспорт и пренос на пари и други вредносни пратки, во периодот од 27 јули до 9 септември 2022 година, во точно 15 наврати, од продажните места на клиентите примил 15 пратки со парични средства во вкупна вредност од 2.364.621 денари, кои лажно, со свој потпис и печат на правното лице, ги евидентирал дека ги предал во трезорот на банката, но ги задржал за себе. Потоа книгата за евиденција на примање и предавање на пратки, со внесените невистинити податоци ја доставил кај својот работодавач како доказ дека примените вредносни пратки наводно ги доставил до соодветната банка. На тој начин тој го оштетил правното лице за паричен износ од вкупно 2.364.621 денари, а кои противправно ги присвоил за себе.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ