сабота, 26 октомври 2024

Претседателот на грузискиот парламент го потпиша контроверзниот закон за „странски агенти“

Претседателот на грузискиот парламент Шалва Папуашвили вели дека го потпишал контроверзниот закон за „странски агенти“ што предизвика неколкунеделни масовни протести и го загрози патот на кавкаската земја кон северноатлантската интеграција.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Грузиската прозападна претседателка Саломе Зурабишвили, која стави вето на законот усвоен минатиот месец, одби да го поддржи откако ѝ беше вратен по парламентарното гласање со кое се надмина нејзиното вето.

Според уставот на Грузија, доколку претседателката одбие да одобри закон откако нејзиното вето било преовладано од пратениците, останува на претседателот на парламентот да го прогласи.

Според законот, кој беше нашироко критикуван како моделиран по сличен руски закон што го користеше Кремљ за да го сузбие несогласувањето и да ја задуши демократската опозиција, невладините организации кои добиваат повеќе од 20 отсто од своето финансирање од странство мора да се регистрираат како агенти на странско влијание.

„Емоциите стивнаа и многу граѓани кои се приклучија на протестот на радикалната опозиција веќе сфатија дека, всушност, законот за транспарентност ќе ја зголеми одговорноста на невладините здруженија и нивните финансиери, ќе го подобри политичкиот систем, ќе ги ослаби дезинформациите, ќе го намали радикализмот и поларизација“, рече Папуашвили, најавувајќи го својот потег на брифинг во парламентот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ