петок, 18 октомври 2024

Пресуда на Кривичниот суд, нема пропусти во работењето на клиниката „Жан Митрев“ во случајот со МАЛМЕД

Објавено на

часот

Сподели

Во пресудата се потенцира дека нема докази за направен прекршок. Според овој заклучок Основниот кривичен суд донесе ослободителна пресуда за клиничката болница и за доктор Жан Митрев во предметот со МАЛМЕД. 

„Со оваа ослободителна пресуда се потврдува дека клиничката болница ‘Жан Митрев’ и во најтешките периоди работеше според највисоки здравствени стандарди, транспарентно и во согласност со веќе утврдени и дозволени методи на лечење, кај нас и во светот. Ова е само еден чекор кон целосно докажување на вистината и фактичката состојба за нашата работа и тоа дека сѐ што беше направено во клиниката, беше направено во интерес на пациентите и согласно етаблирани методи и стандарди при лекувањето“, велат од клиниката „Жан Митрев“.

п

Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД) лани во ноември му поднела прекршочна пријава на доктор Жан Митрев затоа што клиничките испитувања кои ги вршел врз пациенти болни од ковид не биле пријавени.

Адвокатите на Жан Митрев тогаш тврдеа дека клиниката немала потреба да ги пријави клиничките испитувања за користење на хемофилтрација кај пациенти болни од ковид, затоа што всушност не станувало збор за вистински клинички испитувања. „Ние само ги лекувавме компликациите кои настануваат од вирусот. Во тој контекст, методот на хемофилтрација бил ист како и претходно, кога започнале со употреба во 2008 година, односно тешко болните биле лекувани на ист начин и немало промена на пристапот на лекување“, рекоа тогаш од клиниката.

За шест дена треба да продолжи судскиот процес во Кривичниот суд воден од Јавното обвинителство против клиниката и доктор Жан Митрев. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ