понеделник, 25 ноември 2024

Преспа и демократскиот легитимитет на Албанците да се почитуваат, ѝ кажа Ахмети на Пападопулу

Од исклучителна важност е мнозинската заедница да го почитува демократскиот легитимитет на втората заедница во државата и другите заедници во согласност со духот на Охридскиот договор, ѝ кажал лидерот на ДУИ, Али Ахмети на заменик министерката за надворешни работи на Грција, Александра Пападопулу на денешната средба во Скопје. Тој меѓу другото ја истакнал и важноста од почитувањето на Преспанскиот договор.

Објавено на

часот

Сподели

„Меѓународната заедница е гарант на Охридскиот договор и заедно не смееме да дозволиме да се врати назад, туку континуирано да го унапредуваме како што е нагласено во самиот текст на Охридскиот договор. Двајцата соговорници изразија задоволство од динамиката со која се развиваат билатералните односи, особено во последните седум години по потпишувањето на Договорот од Преспа, со што беше изразена потребата од негово целосно почитување и спроведување од двете страни“, се вели меѓу другото во соопштението на ДУИ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ