понеделник, 18 ноември 2024

Пренџов до Ковачевски: Ти благодарам на честитката за роденден, уставни измени нема да има

„Му благодарам на Ковачевски што ми честиташе роденден, гледам дека тоа е доживување за него. Во контекст на останатиот дел од неговата изјава сакам уште еднаш да потенцирам дека УСТАВНИ ИЗМЕНИ ПОД БУГАРСКИ ДИКТАТ НЕМА ДА ИМА и дека нема да убедат ниту еден од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата да се поколеба, макар и по 3 пати да му честитаат роденден. Ковачевски да се спреми за опозиција, времето доаѓа“, напиша пратеникот Љупчо Пренџов на својот профил на Фејсбук

Објавено на

часот

Сподели

Претходно Ковачевски изјави дека се надева оти постои демократски капацитет во земјава за да се донесат одлуки кои ѝ се потребни на државата за да го продолжи евроинтегративниот пат и да ги отвори кластерите во преговорите со ЕУ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ