сабота, 2 ноември 2024

Премиерот на Камбоџа: Не користете касетни бомби, вистинските жртви ќе бидат Украинците

Објавено на

часот

Сподели

Хун Сен, чија земја сè уште се справува со остатоците од контроверзното оружје фрлено од САД во раните 1970-ти, ги потсети Џо Бајден и Володимир Зеленски за ризиците од нивното користење.

„Тоа би било најголемата опасност за Украинците долга низа години, или до сто години, ако се користат касетни бомби во областите окупирани од Русија на територијата на Украина“, напиша тој на Твитер.

„Помина повеќе од половина век. Сè уште нема начин да се уништат сите“, рече тој за ситуацијата во Камбоџа.

„Додека жалам за украинскиот народ, апелирам до американскиот претседател како снабдувач и до украинскиот претседател како примач да не користи касетни бомби во војната бидејќи вистинските жртви ќе бидат Украинците“, рече тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ