среда, 27 ноември 2024

Премиерот Христијан Мицкоски на самит Украина-Југоисточна Европа во Дубровник

Денеска, македонскиот премиер Христијан Мицкоски учествува на самитот Украина – Југоисточна Европа, кој се одржува во Дубровник, Република Хрватска.

Објавено на

часот

Сподели

Самитот го отвори хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, а свое излагање има и претседателот на Украина, Володомир Зеленски.

Во македонската делегација, која ја предводи премиерот Мицкоски, е и министерот за надворешни работи и трговија, Тимчо Муцунски.

„Поддршка за Украина и напорите за постигнувањето траен мир. Регионот обединет во заедничката цел“, напиша на неговиот фејсбук-профил премиерот Христијан Мицкоски,

Станува збор за трет самит по ред: првиот е одржан во август 2022 година во Атина, а вториот во Тирана, Република Албанија, во февруари, годинава. Главната цел е искажување на солидарност и поддршка на Украина.

На овој самит се најавени претставници од 12 држави од регионот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ