петок, 25 октомври 2024
Телефонски разговори на Османи со Бајрамов и Мирзојан

Преку конструктивен дијалог да се стабилизира состојбата околу коридорот Лачин

Објавено на

часот

Сподели

Османи, соопштија од МНР, изразил загриженост за состојбата околу коридорот Лачин и влијанието врз цивилното население, особено ранливите групи, вклучително жените и децата. Тој истакнал дека внимателно ја следи ситуацијата во Лачин коридорот и го повторил својот повик за конструктивен и продуктивен дијалог како авенија за одржливи решенија, за доброто на локалното население.

„Претседавачот Османи истакна дека треба да преовладуваат хуманитарните аспекти и непосредните потреби на луѓето. Воедно ја потенцира потребата за користење на ОБСЕ механизмите и соодветни мерки како дел од решенијата за нормализирање на односите и градење доверба меѓу Ерменија и Азербејџан“, соопштија од МНР.

Претседавачот на ОБСЕ Османи, ја потврдил својата подготвеност да продолжи со личниот, активен ангажман со страните и во таа насока, повторил дека Македонија е подготвена да понуди платформа за дијалог, додавајќи ги напорите и можните решенија за одржлив мир.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ