петок, 18 октомври 2024

Преговорите за името под мраз?

Објавено на

часот

Сподели

Грчкиот преговарач Адамантиос Василакис на денешниот брифинг со грчките новинари, ја претставил радикалната грчка стратегија за спорот за името: со дипломатски маневри, тактиката на Грција е буквално да ги замрзне разговорите.

Како што јавува Нет прес, Василакис ја соопштил позицијата, која најверојатно на средбата му била пренесена и на Нимиц, дека Грција одбива какви било директни средби помеѓу македонските и грчките претставници, и тоа дури и на ниво на преговарачи, а за средба на повисоко ниво воопшто и не се размислувало.

Нема атмосфера за преговори, оценил грчкиот преговарач Василакис пред медијаторот Нимиц, а синоќа даде изјава дека посредникот од ОН е добредојден во Атина во текот на февруари, со што сакаше да покаже дека Грција е заинтересирана за преговорите. Василакис не кажа дека всушност одделните средби со Нимиц се по негова иницијатива. Впечатокот е дека Грција овој пат не е многу заинтересирана за она што се случува во Њујорк, а тоа, како што јавуваат медиумите, може да се насети не само од однесувањето на Василакис, туку и на грчките медиуми.

Канал 5 забележува дека ако се суди според интересот на грчките медиуми во Њујорк, новата рунда од преговори веќе може да се прогласи за пропадната.

„Од 15 постојани дописници на грчки медиуми во Њујорк што со години со голема возбуда го следат ова прашање, само неколкумина, и тоа од приватните медиуми, известуваат за најновиот развој на настаните. Директивите од Атина се јасни – не треба да се крева врева околу преговорите затоа што тоа не е национален интерес во моментов. Од државните медиуми единствено агенцијата АНА МПА во координација со грчкото МНР известува за она што се случува во Големото Јаболко, јави репортерот на Канал 5.

Македонското министерство за надворешни работи демантира дека на преговарачка маса во Њујорк биле ставени предлози како што претходно се шпекулираше. Денеска Нимиц повторно ќе се сретне со амбасадорите Јолевски и Василакис, но нема најави дека ќе има и заедничка средба.

Преговорите под покровителство на медијаторот се одржуваат по речиси едногодишна пауза. Целта на средбите, како што претходно соопштија од канцеларијата на медијаторот, е да се најде заеднички прифатлив пристап за да им се даде нов импулс на разговорите за решавање на спорот за името.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ