понеделник, 18 ноември 2024

Предлог-законот за амнестија стигна во Собранието

Предлог-законот за амнестија кој предвидува целосно или делумно ослободување на затвореници денеска стигна на адресата на претседателот на Собранието, Талат Џафери, информираа од кабинетот на Џафери. Според податоците на Министерството за правда во Македонија има 2.114 затвореници заклучно со 26 септември 2023 година. Од нив целосно ќе бидат амнестирани 286 затвореници, а делумно 996 затвореници. Дполонително, 2.813 осуденици чекаат да влезат во затвор, но министерството за сега нема податоци колкумина од нив ќе бидат амнестирани.

Објавено на

часот

Сподели

„Предлог-законот за амнестија е примен во Собранието, а испратен од Владата. Претседателот на Собранието, Талат Џафери го достави до пратениците. Предлог-законот е по скратена постапка“, инфомираа од кабинетот на Џафери.

Оттаму не прецизираат кога овој предлог-закон ќе се најде на седница на Собранието, но претходно министерот за правда, Кренар Лога најави дека тоа може да се случи следната недела затоа што тој, лично сака да го образложи предлог-законот за амнестија, но тоа би било по неговото враќање од патување во САД.

Минатиот четврток, министерот Лога, на средба со медиумите рече дека во јавноста преовладува мислење дека овој предлог-закон за амнестија е нов но тоа е истиот закон „што беше донесен во 2018 година, а предлагачи беа сите политички партии. Во овој предлог-закон сега се додадени неколку кривични дела кои нема да бидат опфатени со амнестијата“. 

Предлог-законот за амнестија предвидува целосно или делумно ослободување од казната затвор на одреден број затвореници. 

Според податоците на Министерството за правда во Македонија има 2114 затвореници заклучно со 26 септември 2023 година. Од нив целосно ќе бидат амнестирани 286 затвореници, а делумно 996 затвореници. Дполонително, 2813 осуденици чекаат да влезат во затвор, но министерството за сега нема податоци колкумина од нив ќе бидат амнестирани.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ