петок, 18 октомври 2024

Пред МКЦ ќе се слави денот на винилите

Објавено на

часот

Сподели

„Следејќи го генералниот концепт на прославата и Record Store Day Macedonia 2023 има свој ‘амбасадор’, промотер на овој настан. Оваа чест, во светски рамки секогаш е наменета за музичари, кои со своите објави покажале несомнена почит и љубов кон физичките изданија (пред сѐ винилите) како доминантни носачи на звук и на овој или оној начин несебично го подржувале опстојувањето на малите музички продавници. Водејќи се од овие основни начела, честа да биде македонски амабасадор на овогодишниот македонски Record Store Day, му ја доделуваме на Ивица Димитријевиќ, како долгогодишен активен музичар во Македонија, особено со неговите два музички состави SIZ и RIB чии албуми беа издадени на винил. 

Само за потсетување, во 2017 година оваа чест му беше укажана на Васко Атанасоски, во 2018 на Влатко Стефановски, во 2019 на Стојче Цветановски, во 2021 на Александар Петрушевски-Пепе и во 2022 на Горан Трајковски. 

Годинава, по шести пат, на интернационално ниво се промовира уште една почест, Worldwide Record Store Legend, за страсно колекционерство и долгогодишна поддршка на физичките изданија како носачи на звук (пред сè на винилот) и континуирана поддршка на малите и независни музички продавници. 

Сметавме дека кај нас, честа да биде промовиран во нова македонска “Worldwide Record Store Legend 2023”, треба да му припадне на Младен Најдоски, пензиониран пожарникар од Велес и долгогодишен пасиониран колекционер на физички изданија (со особена страст кон винилите) и редовен посетител на европските но и на ретките македонски независни музички продавници. 

Во изминативе четири години оваа чест ја добија Васја Ивановски (2017), Владимир Мандичевски-Манде (2018), Бранислав Димитров-Бране (2019), Гордан Калајџиев (2021) и Љупчо Јолевски (2022).

Годинава повторно ќе се додели и специјално признание на пионерите на Македонската рок музика, за луѓето кои го воведувале винилот како медиум за траен запис на нивната музичка фасцинација. За Пионери на винилот, признанието го добива музичката група Eнитма од Дебар, односно браќата Мимидиноски (Кенан и Зинче) како прв бенд кој доаѓа од внатрешноста на државата, а својата музика ја ставил на носач на звук – винил“, се вели во информацијата пред настанот. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ