четврток, 31 октомври 2024
Реакција на Алијанса за Албанците

Незири: Правото да се биде член на ДИК е право што се добива на избори

Правото да се биде член на Државната изборна комисија (ДИК) е право од кое не може да се отстапи со добра или лоша желба на претседател на Парламентот, кој и да е тој, но тоа е право што се добива со гласот на народот на последните избори, реагираат од Алијанса за Албанците откако опозицискиот Европски сојуз за промени оствари средба со претседателот на Собранието, Јован Митрески на која побарал да се одблокира процесот за избор на член на ДИК.

Фото: скриншот

Објавено на

часот

Сподели

„Од бојкот на Парламентот преминаа на посети на собраниските канцеларии. Повторуваме, правото да се биде член на ДИК е право од кое не може да се отстапи со добра или лоша желба на претседател на Парламентот, кој и да е тој, но тоа е право што се добива со гласот на народот на последните избори. И на последните избори народот реши да му го додели местото на ДИК на Алијансата за Албанците. Свое место во ДИК имаа и Фадил Зендели и Движењето Беса преку СДСМ, бидејќи беа во коалиција, исто така Изет Меџити е претставен преку ДУИ“, изјави Аднан Незири, кординатор на пратеничката група на Алијанса за Албанците.

Затоа, рече Незири, Алијанса за Албанците посакува, единствениот пратеник што му останало на Движењето Беса, Фадил Зендели, да отиде кај претседателот на Собранието, Јован Митрески кој е кадар на СДСМ, и од него да побара неговата партија да им даде еден од тројцата членови што ги има во ДИК, „додека членот на албанската опозиција е на Албанците и на Алијансата за Албанците, а не на СДСМ“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ