петок, 18 октомври 2024

Правилата на ЕХФ го забрануваат знамето со сонцето на Кутлеш

Дел од македонските навивачи кои беа на ракометниот натпревар меѓу Македонија и Германија во Берлин, наидоа на проблем, им беа одземени знамињата и други навивачки реквизити со 16-кракото сонце. Македонија вчера доживеа нов убедлив пораз на Европското првенство, нашите навивачи си заминаа разочарани, но дел од нив и без навивачките реквизити кои ги понесоа да ѝ дадат поддршка на македонската репрезентација.

Објавено на

часот

Сподели

Обезбедувањето во „Мерцедес-Бенз Арена” на дел од навивачите им ги одзема знамињата со сонцето од Кутлеш. Правилата на ЕХФ и другите меѓународни спортски федерации ги дозволуваат само официјалните знамиња на државите затоа што носењето на други знамиња во некои случаи може да биде сфатено како политичка провокација.
И во минатото се случувало македонски навивачи да останат без знамињата со 16-кракото сонце, дури и на меѓународни натпревари кои се играле во Македонија.
Но, добар дел од Македонците синоќа беа снаодливи, успеаа да ги внесат знамињата кои ги понесоа, па сонцето од Кутлеш беше дел од декорот на трибините каде што беа македонските навивачи.
                                                       Од Берлин за МКД.мк
                                                             Ристе Ѓорѓиевски
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ